Raspberry Pi 400, компјутер и тастатура – сè во едно!

Raspberry Pi 400 е најновиот производ од Raspberry Pi фондацијата кој се состои од компјутер, сместен во внатрешност на тастатура.

Најубавата работа е дека чини само 70 долари! Целиот кит чини 100 долари. Raspberry Pi 400 го подржува оперативниот ситем Raspberry Pi OS и други оперативни системи на Linux како Ubuntu.

Изгледа шизички и опасно интересно!

Ако ве „мава“ носталгија, тоа не е без причина, зашто уште во раните 1980-ти постоеше ваков компјутер кој се викаше ZX Spectrum. Но, за разлика од меморијата на овој компјутер која беше 48 KB (да, тоа се килобајти), Raspberry Pi 400 има quad-core CPU со 1.8GHz, 4GB RAM, Gigabit Ethernet, Bluetooth 5.0 и Wi-Fi.

ZX Spectrum - Wikipedia

Еве неколку видеа за Raspberry Pi 400:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *