Од пандемија до инфодемија!

По повод текстот Маските не се вашиот непријател! објавен во ResPublica на 21 октомври 2020.

Maskite ne se vasiot neprijatel 2

Во време на изобилство на информации, многу е полесно да се биде погрешно информиран, отколку правилно – парадоксално, но вистинито!

Според новата студија во списанието Royal Society Open Science дезинформациите околу пандемијата Ковид-19 се голема закана за јавното здравје. Теориите на заговор како тие дека вирусот е биолошко оружје, дека е завера за глобална вакцинација или дека 5G на некој мистериозен начин е поврзан со вирусот Ковид-19 се најчести.

No, 5G Cellular Technology Does Not Cause COVID-19 Or Facilitate Its Spread

Резултатите од истражувањето потврдуваат дека 25-40% од населението во испитаните земји (САД, Англија, Mексико, Шпанија) веруваат во овие теории на заговор. Како особено погодени од овие теории (според истражувањето) се помалку образованите, помладите, десничарите и тие кои се повеќе изложени на социјалните медиуми.

Истражувањето е интересно и опсежно и кој се интересира за повеќе детали може да го прочита тука. Она што нас нè интересира се последиците од верувањето во овие ненаучни заговори, од кои најзначајна е недовербата во властите, неследењето на препораките од истите што кореспондира со зголемениот број на случаите на светско ниво.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *