Сончевата светлина ја крие тајната на вечната младост

Колку време ѝ треба на светлината да стигне од Сонцето до вас? Одговорот е јасен: 8 минути и 20 секунди.

How long does it take sunlight to reach the Earth?

Земјата е оддалечена 150 милиони километри од Сонцето, а светлината патува со брзина од 300.000 километри во секунда. Со помош на базична математика добиваме 500 секунди.

Но, вистината е дека таа светлина не е „стара“ 8 минути, туку десетици илјадници години! Како?

Фотоните се производ од милијарда нуклеарни реакции во јадрото на Сонцето, т.е. фузијата (спојувањето) на атоми на водород во хелиум. Но, фотоните не стигнуваат до површината веднаш и не брзаат радосно кон нашата планета за вие да можете да го почнете вашиот работен ден. Поради силната гравитација на ова огромно небесно тело, фотоните и енергијата се задржуваат во Сонцето.

Енергијата ослободена во форма на гама зраци (фотони со висока енергија) се распространува насекаде во Сонцето и тие се судираат со други честички, но не губат од брзината, а бидејќи фотоните секогаш патуваат со константна брзина, сепак губат од енергијата. Во тој процес, од гама зраци стануваат икс зраци, УВ, видлива светлина и на крај инфра-црвена светлина (топлина). Во тој процес, откако поминал низ „флипер“ од честички, фотонот конечно може да „избега“ од Сонцето.

Просечното растојание од еден до друг фотон е колку половина молекул на вода, а бројот на фотоните е 10 на 57, што е енормна бројка и причината зошто за да го „заврши“ патот од 690 милиони метри на секој поединечен фотон од јадрото до површината на Сонцето потребни се 10 на 37 чекори или пресметано во време, тоа е 100 милијарди години!

Но, чекајте, вселената е стара 13.7 милијарди години, а Сонцето е старо 4.6 милијарди години. Се разбира, Сонцето нема иста густина секаде, а секој фотон нема да удри во секој друг соседен фотон, и неговата енергија како што се намалува, судирите се проретчуваат. Кога ќе се земат сите тие фактори во предвид, доаѓаме до бројка од 170.000 години.

Но, работите да бидат покомплицирани, како што е познато од теоријата на релативитетот, колку што се доближуваме до брзината на светлината, времето тече побавно, а при брзината на светлината застанува! Тоа значи дека, колку и да патува еден фотон до нашата планета, и се одбива од некое уметничко ремек дело во нашите восхитени очи или од вкусната храна чии бои не пленат пред да ја вкусиме, тој фотон е ист како во моментот кога бил роден!

Дознајте повеќе од ова интересно видео и ви ги препорачуваме другите видеа на каналот It’s Okay To Be Smart, зашто, навистина е во ред!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *