Помагала за онлајн настава

Онлајн наставата не мора да биде реплика на физичката настава во домашни услови, напротив, таа може да биде многу поинтересна, со помош на интернетот кој им е на располагање во секој момент на учениците за проширување на знаењата.

На пример, ако сакате да научите две-три (па и повеќе) работи за физиката, од генијалниот ум на едниот од најдобрите популаризатори на науката Ричард Фејнман, погледнете го видеото снимено во 1983 во домот на Фејнман:

Дознајте повеќе за осцилацијата на атомите, огнот, ластиците, магнетите, електрицитетот, огледалата, големите бројки и други теми за кои Фејнман зборува со возбуда и искреност на дете.

Фајнман честопати се занемарува како популаризатор на науката, за сметка на Карл Саган, Нил Деграс Тајсон, Стивен Хокинг, Мичио Каку, Брајан Кокс и други помлади колеги. Можеби причината е тоа што тој немал своја емисија на телевизија или раната смрт. Се разбира, ако сакате да научите повеќе за основите на физиката (гравитација, зачувување на енергија, веројатност…), погледнете ја серијата негови предавања наречени The Feynman Lectures on Physics.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *