Диносаурус во буквален превод значи „страшен,“ „моќен“ или „опасно голем“ гуштер. Името го смислил палеонтологот Sir Richard Owen во 1841 г.
Диносаурусите навистина владееле со планетата Земја до кобниот момент пред 66 милиони години кога астероид (или комета) со големина од 10-15 км удрила во Земјата и направила кратер широк 100 км. Како последица на тој настан 75% од целиот живот на Земјата бил уништен и не преживеало ниту едно четириножно суштество со тежина повеќе од 25 кг.

Ударот сам по себе имал моќност од 10 милијарди атомски експлозии и целиот жив свет во радиус од 1.500 километри го претворил во пепел. Сулфурот кој испарил од карпите поради големите температури создал сулфурни кисели дождови, а парчињата карпи кои се разлетале предизвикале пожари ширум планетата. Блокираната сончева светлина ја оневозможила фотосинтезата и голем број растенија, заедно со големите тревојадни животни изумреле. Ако тоа не е доволно, ударот сред океан предизвикал цунами со височина од стотици метри кој носел сè пред себе. Ланецот на исхрана почнал да се кине, а како победници, по милиони години, излегле – луѓето!
Прочитајте ја возбудливата историја на крајот на диносаурусите тука, а тие кои се заинтересирани што е диносаурус, а што не е, погледнете го видеото подолу: