Во науката и технологијата постојат три свети грала. Теорија на сè, ладна фузија и суперспроводливост на собна температура.
Се разбира дека се работи за поедноставување, проблемите се многу повеќе, но кога станува збор за суперспроводливоста, според последните студии се чини дека научниците успеале да го надминат проблемот.
Но, зошто е значајна спроводливоста? Сите електронски уреди имаат спроводници, тоа е јасно. Но, голем проблем е губењето на енергијата во отпорот и под дејство на магнетното поле. Не постои електрицитет без магнетизам и кога би постоел (како во случај на суперпроводници), тие не само што не би губеле енергија на околината, туку би можеле и да левитираат!

Звучи како научна фантастика, но всушност се работи за наука, и тоа не само теориска, туку практична. На тој принцип функционираат маглевите возови (Маглев, кованица од првите три букви на зборовите МАГнетска ЛЕВитација) кои практично левитираат над шините со брзина од 500 и повеќе километри на час.
Но, за сите овие практични примени е потребно да се одржува многу ниска темепратура (апсолутна нула од -273 степени Целзиусови!) што е многу непрактично. Заради тоа спроводливоста на собна температура, би била од огромно значење за науката и технологијата, машините би биле многу поефикасни, батериите речиси не би биле потребни, а квантните компјутери би биле поблиску до реалноста.
Прочитајте повеќе за овој експеримент и за неговото значење.