Карл Саган, астрофизичар, научник, автор… социјалист!?

Карл Саган, иако починал во „далечната“ 1996 година, се уште многу авторитети го сметаат за најголемиот популаризатор на науката на сите времиња. Неговото значење не е само во тоа што го направил, туку во генерациите луѓе кои ги инспирирал. Помеѓу нив, најпознатиот е Нил Деграс Тајсон, како и плејада други модерни популаризатори на науката како Мичио Каку, Бил Нај (The Science Guy), Брајан Кокс, Џим Ал Калил и други.

Додека бил жив, Саган станал медиумска ѕвезда и неговиот серијал „Космос“ е една од најгледаните документарни емисии за науката, а со новиот серијал наследството продолжува да живее.

You can watch Carl Sagan's 'Cosmos' marathon right now, for free - Big Think

Но, во видеото подолу, Карл Саган не се истакнува како популаризатор на науката, туку како борец за хуманистички вредности. На прашањето на водителот дали е социјалист тој (мудро) одговара дека не знае што е социјализмот и дека според него секоја држава, а особено толку богата како САД, има обврска да се грижи за нејзините жители и да им помогне на луѓето да се грижат самите за себеси.

Според него, САД решава свесно и намерно да не го прави тоа, таа „решава да има бездомници,“ и планира да троши трилиони долари на Војна на ѕвездите. Секако би требало да се појасни дека Саган не мислел на познатиот серијал филмови, туку на т.н. „Strategic Defense Initiative“, одбранбен систем кој бил предложен во 1980-тите за заштита од СССР.

Саган прашува колку од тие пари би можеле да се потрошат за едукација, за помош, за подигнување на самостојноста на луѓето, за подобрување на нивната среќа и на економскиот стандард.

„Ги користиме парите за грешни нешта!“ заклучува Саган.

Сегментот од интервјуто е од 1989, но е актуелен и денес, три децении подоцна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *