Мажите се од Марс, ама Венера создава живот!?

На светските портали се шушка дека научниците пронашле доказ за живот на Венера?… но, чекајте малку, да се навратиме наназад.

Во научната фантастика одамна се обработува темата на живот на другите планети. Од далечни или измислени планети и вонземјани во форма на рептили, до идејата на Артур Клард дека вонземјаните воопшто не мораат да имаат антропоиден облик, како неговите „облаци од живот“ од делото A Meeting with Medusa (1972), идеја адаптирана и продолжението на Одисеја 2001, наречена Одисеја 2010.

Интересно е што токму во облаците на Венера се пронајдени можни знаци на живот. Венера е најсветлото небесно тело на ноќниот небесен свод по Месечината, толку сјајно што античките народи мислеле дека таму се наоѓа рајот, а подоцнежните филозофи фантазирале дека таму има живот и се работи за сестра близначка на Земјата. Но, науката во модерниот век открила дека таму не само што не е рај, туку пекол. Венера е лошата близначка на нашата планета, со екстремни температури (потопла дури и од Меркур кој е поблизок до Сонцето), поради густите облаци кои создаваат екстремен ефект на стаклена градина, а се изградени од сулфур, од кој врнат кисели дождови!

How Planet Venus Became Lucifer - Origin, meaning and evolution of the name  'Lucifer' - YouTube

Но, науката секогаш напредува и најновото откритие е дека во истите тие смртоносни дождови можеби има знаци на органски живот. Се работи за гасот фосфин, молекул кој се состои од еден атом на фосфор и три атоми на водород. На земјата овој гас го создаваат микроби кои живеат во цревата на животните кои живеат во средини сиромашни со кислород, како пингвините. Друг извод е индустријата, но додека не најдеме доказ дека на Венера има трујачи на воздух како во нашето Скопје – сепак се работи за пингвини!

Let me show you the penguin way… | Funny animals, Animal captions, Cute  animals

Шега на страна, според научната статија објавена во списанието Nature Astronomy, постоењето на овој гас може да алудира на органски живот, бидејќи не постојат докази за друг начин на кој овој гас би можел да се создаде во атмосферата на Венера. Додека чекаме докази можеме малку да си мечтееме… одиме „по патот со облаците“ на Венера!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *