Животот не е лесен, особено во денешно време… но што вели за тоа Мејсун Заид!?

Ако имате проблеми со мотивацијата, погледнете го видеото подолу. Ако некогаш ви се чини дека животот не е фер кон вас, а другите добиваат се, погледнете го видеото на крајот од овој текст. Видеото не е ново, но се чини безвремено!

Сите имаме моменти кога сме разочарани, потиштени, имаме чувство дека ништо не ни оди, што и да правиме – никако не успеваме! Сето тоа, можеби, значи само дека не сме се потрудиле доволно.

Мејсун Заид (Maysoon Zayid) е родена со церебрална парализа (како што самата ја опишува – не може да престане да се тресе), но тоа не ја спречило да стане актерка и комичарка. Освен тоа, таа е палестинка и една од првите муслиманки комичарки и прв стенд-ап комичар кој имал настап во Палестина и Јордан.

И тоа не е се. Таа раководи со уметничка програма за деца со посебни потреби и деца без родители во бегалските кампови во Палестина. Таа им помага на децата да се справат со траумата со помош на уметноста и да го надминат јазот помеѓу децата со посебни потреби и други деца. Осумдесет проценти од финансиите за програмата таа ги обезбедува со помош на сретствата од нејзините стенд-ап настапи.

А што направивте вие денес?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *