Дали Сонцето е центар на Сончевиот систем!?

Иако индиските филозофи и математичари зборувале за хелиоцентричниот систем многу пред старите грци, ентропоцентризмот во науката не ги признава нивните наоди. Авторот Yajnavalkya (9-8 век пне.) во астрономскиот текст Shatapatha Brahmana, како и во ведскиот текст Aitareya Brahmana зборуваат за Сонцето како центар на вселената, додека Аристарх (310 – 230 г. пне.) бил прв во западниот свет кој ја предложил оваа теорија.

Дури и Nilakantha Somayaji од Керала школото за астрономија и математика предложил научна теорија на хелиоцентризмот во неговото дело Tantrasangraha, што било речиси 50 години пред Никола Коперник.

Коперник бил католички свештеник, но и математичар и астроном, во духот на ренесансниот човек, тој ја предложил модерната теорија на хелиоцентризмот во неговото дело De revolutionibus orbium coelestium (За револуцијата на небесните сфери) во 1543 година.

Неговите наоди се темелеле на астрономските набљудувања со голо око на Тихо Брахе. Се работи за интересен лик во историјата на науката кој на 19 години го изгубил носот во борба со мечеви и до крајот на животот носел бакарен нос. Неговата смрт била чудна како и неговиот живот. Починал поради пукнување на мочниот меур бидејќи, според известувањата на Коперник, за време на една вечера не сакал да стане да оди во тоалет, за да не биде некултурен. Епитафот врз неговиот гроб, кој самиот го смислил, гласи: „Живеел како мудрец, умрел како будала.“

По Коперник дошле многу научници кои ги усовршиле неговите теории, меѓу кои и Јохан Кеплер кој ги вовел елиптичните орбити, наместо коперниковите кружни, а Галилео Галилеј ги потврдил теориите и со неговите набљудувања на Јупитер и неговите четири најголеми месечини. Тој го задал последниот удар на теоријата на геоцентризмот, бидејќи ако има небесни тела кои кружат околу Јупитер, не е нужно се во вселената да кружи околу Земјата.

Сепак, со истражувањата на Вилијам Хершел, Фридрих Бeсл и други е докажано дека Сонцето всушност и не е центарот на сончевиот систем! Всушност се што се наоѓа во сончевиот систем, како и самото Сонце, кружи околу заедничкиот центар на масата. Овој центар се наоѓа во близина на Сонцето, кое сочинува 99.8 проценти од масата на сончевиот систем, но и Јупитер со неговите речиси 0.2 проценти се бори за гравитацискиот примат и сето тоа резултира во интересен танц на орбитите, како што е прикажано во ова видео:

Се разбира, систем од кои било две или повеќе тела се однесува на сличен начин, на пример Земјата и Месечината:

Додека системот на Плутон и неговата месечина Харон е интересен случај бидејќи центарот на гравитацијата се наоѓа надвор од Плутон:

Прочитајте повеќе на овој линк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *