10 необични факти за Исак Асимов

Ја продоилжуваме серијата текстови на тема научна фантастика. Можеби Исак Асимов ви е познат како автор на научно-фантастични книги, но тој бил многу повеќе од тоа. Еве неколку интересни факти од неговиот живот.

1) Тој е автор на терминот „роботика“.
Карел Чапек, познат чешки писател, прв го искористил зборот „робот“ во 1921 година, со потекло од зборот „роб“, бидејќи основната функција на овие човеколики машини во неговата драма Р.У.Р. била да работат на фабрички машини. Во 1941 Исак Асимов го искористил терминот „роботика“ во кус расказ наречен „Лажго!“ (Liar!).

2) Асимов ги измислил познатите три Закони на роботиката
Во 1942 во неговиот расказ „Обиколка“ (Runaround) тој ги изнел трите закони на роботиката: „Роботот не смее да повреди човек“, „Мора да се потчини на неговите желби“ и „Мора да се заштити себеси, освен ако не ги прекрши првите два закони.“

Why the three laws of robotics won't save us from Google's AIs

3) Исак Асимов соработувал со креаторот на „Ѕвездени патеки“
Во 1966 Асимов напишал критика на тогашните научно-фантастични емисии заради нивната ненаучност. Џин Роденбери (Gene Roddenberry) бил толку погоден од критиката што му пишал писмо на Асимов во кое му кажал дека е фан на неговите дела, ја бранел својата серија „Ѕвездени патеки“ и кажал дека серијата има многу научни консултанти, по што го поканил и Асимов да биде консултант. Така двајцата станале пријатели, а Роденбери се обидел неколку пати неуспешно да го адаптира делото „Јас, робот„ (I, Robot), кое конечно било филмувано по смртта на Асимов во 2004 година.

4) Асимов починал од СИДА која ја добил со трансфузија на крв
Во 1977 Асимов имал срцев удар, а во 1983 имал операција при која примил трансфузија на крв и бил заразен со вирусот на СИДА од кој починал во 1992 година. Вистинската причина за неговата смрт не била јавно откриена до 2002 година поради стигмата која ја имала болеста.

5) Асимов напишал и уредил повеќе од 500 книги!
Напишал 40 романи, 382 куси раскази и 280 научни дела и статии од областа на науката, психологијата, астрономијата, биохемијата и се разбира, научната-фантастика.

Foundation by Isaac Asimov (Books 1-7 in the Series) – Sand Image Books

6) Бил одбиен на секој универзитет на кој аплицирал
На 15 години аплицирал на универзитетот во Колумбија, а потоа и на многу други и секаде бил одбиен. Подоцна во 1941 и 1948 магистрирал и докторирал хемија, а од 1949 предавал на Бостонскиот медицински универзитет како професор по биохемија.

7) Единствен автор кој има дела во сите области!
Според т.н. Dewey Decimal Classification Асимов има дела во сите категории освен таа под број 100 (филозофија и психологија), иако напишал неколку есеи од истите области, но делата не биле точно заведени.

8) Неговата серија од дела наречена „Foundation“ се смета за најзначајно дело во научната-фантастика!
Првата трилогија е излезена во 1950-тите, а потоа во 1980-тите Асимов напишал уште неколку продолженија. Ова дело влијаело на многу научно-фантастични писатели, како Даглас Адамс („Автостоперски водич низ галаксијата“), Френк Херберт („Дина“), Мет Грејнинг („Футурама“) итн. Серијата била наградена со Hugo Award за “Best All-Time Series” пред „The Lord of the Rings“ и други значајни серии.

9) Адаптација на „Foundation“
Иако повеќе од пет децении различни студија сакале да ја филмуваат оваа серија тоа ќе се оствари во 2021 година, па очекуваме со нетрпение! Се разбир, фановите на научната фантастика, како и секоја по малку фанатична дружина, истапи во одбрана на наследството на Асимов и се нафрли на трејлерот во кој се промовира Apple TV. Според нив Apple, како технолошка корпорација која користи евтина работна сила за производство на светкави предмети за богатите, би можел да биде само непријател во делата на Асимов.

10) Страв од височини и од летање
Асимов имал голем страв од височини во стилот на филмот „Вртоглавица“ од Алфред Хичкок, а само два пати во животот летал со авион.

Прочитајте многу други интересни факти за Асимов, како тоа дека бил член на Менса и според него е наречен астероидот 5020 Асимов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *