Од Монти Пајтон до Дон Кихот, херојско патување во умот

Тери Гилијам не е само Монти Пајтон интермецо-уметник, ниту замена за фразата „А сега нешто сосема поинакво!“ Иако, за волја на вистината, Тери Гилијам е сосема поинаков од сите други режисери чии филмови сте ги гледале.

Од филмот Time Bandits, преку Brazil до The Adventures of Baron Munchausen или покомерцијалниот The Fisher King, Тери Гилијам премина од авангарда во мејнстрим. 12 Monkeys е филм чија што тема одговара на денешницата, а Fear and Loathing in Las Vegas е одлично филмувана книга која заслужува читање и гледање, но да не должиме со набројување, туку да преминеме на главното.

Во море од филмски критики и текстови за режисери, овој текст е само капка, а не се обидува ниту да биде ништо повеќе. И нашата опсервација е таква, сакаме да ви кажеме нешто за еден момент, за еден аспект, за една сцена од филмовите Monty Python and the Holy Grail, Brazil и The Fisher King.

Во сите три филмови се среќаваат витези. Во Monty Python and the Holy Grail Кралот Артур и неговиот верен придружник на коњ (кој го нема, а наместо тоа има два кокоси кои ги удира за да прави звук на копита, а од каде кокоси во Англија, ќе дознаете во филмот!). Артур, помеѓу неговите бројни авантури се среќава и со т.н. Витези кои викаат „Ни“, и не му дозволуваат да помине.

Stories from the Set: Monty Python and the Holy Grail - One Room ...

We are The Knights Who Say NI! - YouTube

Во Brazil се работи за човек заплеткан во авантурите на еден кафкијански свет полн со нелогични нешта, но неговата вистинска борба е во неговата фантазија, каде тој сонува дека е витез кој се бори со чудовиште од кинеската митологија.

Brazil - My First Time Film Review - One Room With A View
Brazil (1985) | Terry gilliam, Brazil film, Tomorrow is another day

Во филмот The Fisher King главниот лик кој го глуми Робин Вилијамс замислува дека е во потрага по светиот грал и халуцинира дека е прогонуван од т.н. Црвен Витез.

Retrieving the Grail: Robin Williams and "The Fisher King ...

Aaron West on Twitter: "The Red Knight from THE FISHER KING. http ...

Паралелите тука се многу, од луѓе кои замислуваат дека се витези и кралеви, до замислени чудовишта, преку визуелни сличности. Тука станува повеќе од очигледно дека делата на секој уметник се само едно големо ремек-дело, составено од мали делчиња кои се развивале во текот на неговиот живот.

Секој уметник при тоа мора да се соочи со чудовиштето (апсурдно-страшните витези кои викаат „Ни“, црвен витез, кинески воин или змеј) во себе и да го победи што е дел од неговото херојско патување (Hero’s journey), а ако тоа го опише како приказна, тогаш не му бега успех!

Каде е тука Дон Кихот? Во сите нас, се разбира!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *