Наскоро ќе имаме Агенции за преткриминал?

Ако сте ја читале книгата „Малцински извештај“ (Minority Report) во издание на Темплум (2005) од едниот од најпочитуваните и најплодни СФ автори, Филп Дик (Phillip K. Dick), или сте го гледале филмот со Том Круз, тогаш знаете што значи терминот „преткриминал (“pre-crime”).

Во ова СФ дело криминалците се фатени пред да го извршат злосторот со предвидување на иднината со помош на т.н. прекогнитивци (precogs) кои се приклучени на машини под контрола на одделот за преткриминал. На полицајците им останува само да го спречат злосторникот да го изврши злосторот.

Новите истражувања на група научници предлагаат користење на вештачки невронски мрежи (artificial neural networks) за да го „предвидат криминалитетот.“

Minority Report at 10: a look at technology from today to 2054 ...

Контроверзното истражување ќе излезе во списанието Nature, а авторите тврдат дека со помош на автоматското препознавање лица може да се предвиди дали личноста ќе стане криминалец или не. Оваа алатка ќе може да се користи за спречување злосторства, во полицијата, војската и други области и според истражувачите нема да прави човечки грешки како што се предрасуди или емотивно заклучување.

Се чини дека науката „дува во јогурт“ и сака да им ја препушти работата на роботите (како во римејкот на филмот Робокап, кога јунакот веднаш го идентификува злосторникот во толпа луѓе и го неутрализира), т.е. на вештачката интелигенција, поради немилите случки околу убиството на Џорџ Флојд кои предизвикаа серија протести и вандализам ширум САД.

Додека истражувачите ова го карактеризираат како значајна предност, другите експерти предупредуваат дека овој систем може да нанесе многу повеќе штета, отколку корист. Останува да почекаме да видиме дали ќе живееме во светот на „преткриминалот“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *