Оризот е тајната состојка во Кинескиот ѕид!

Дали знаевте дека старите кинези во градењето на Кинескиот ѕид – најголемата човечка градба во историјата – користеле ориз?

Се разбира не станува збор за шега, оризот е дел од источната култура колку што компирот е дел од Европската или пченката од американската историја. Дури и првите алкохолни пијалоци (вина) во Кина биле од ориз:

Порано научниците мислеле дека ѕидот е долг околу 6-8.000 километри, но со новите методи кои вклучуваат сателитски снимки и истражување со дронови, откриле дека се работи за неколку ѕидови со вкупна должина од 21.000 километри. Колку за споредба, обемот на планетата Земја е околу 40.000 километри.

Раните градители ги граделе ѕидовите во Кина со набивање на земја, без тули, и истражувачите откриле дека тајната на ѕврстината на овие ѕидови кои стојат повеќе од 2.000 години се школките кои ги имало во почвата кои со набивање се кршеле и ослободувале варовник (калциум карбонат). Во градбите биле вградувани и трски кои имале улога на арматура, но бидејќи се шупливи овозможувале и сушење на земјата кога се мокрела, што заеднички придонело за долговечноста на овие ѕидови.

Подоцна, кога почнале да користат тули, ги печеле во специјални печки во подножјето на планините каде што имало глина. За да постигнат побрзо ладење и поголемо производство правеле дупки во печките и ги полнеле со вода. На тој начин, водената пареа не му дозволувала на железото да оксидира со што би се добиле типичните црвени тули, туку тулите станувале сиви. На тој начин случајно го постигнале познатиот сив изглед на Кинескиот ѕид.

За цврстината на ѕидот, според истражувачите, е одговорен малтерот, кој содржел и леплив ориз (скроб), кој кога ќе се поткршел оксидирал се изложувал на воздухот и со вековите станувал уште поцврст. И така оризот го прослави ѕидот!

Дознајте повеќе:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *