Во секој од нас постои импулс да постигнеме нешто големо, да го оствариме нашиот потенцијал, сепак не сите успеваат. Но, зошто?
Според психологот Абрахам Маслов, главната причина е во стравот, не од неуспех, туку напротив – од успех! Се плашиме од сопствената големина и остварување на нашиот потенцијал, кој, парадоксално и истовремено, го посакуваме.

Се плашиме од големината, заради стравот од тоа да бидеме изолирани и сами, зашто успешните се издвојуваат од сите други. Колку сме поединствени и поразлични, толку повеќе се издвојуваме и ја губиме утехата на тоа дека сме дел од некоја група, од нешто што може да нѐ заштити.
Но, истовремено имаме страв од конформизмот кој ни помага на патот кон индивидуацијата и успехот. Се работи за „добар“ страв кој ни помага да се бориме против нормите и да успееме да станеме големи. Ако овој страв преовлада, тогаш сме на добар пат, а вие?