Кој е најголемиот филмски композитор на сите времиња?

Можеби прашањето од насловот може да се постави вака: кој ја компонирал музиката на Стар Ворс, Супермен, Индијана Џонс, И-ти, Џурасик Парк, Сам дома… и многу други препознатливи филмски музички дела?

Се работи за американскиот композитор Џон Вилијамс (John Williams, 1932) кој компонирал филмска музика во распон од шест децении и освоил бројни реномирани награди.

Се разбира постојат и други значајни филмски композитори како Бернард Херман (Bernard Herrmann) кој соработувал со Хичкок, Енио Мориконе (Ennio Morricone) со неговите безвременски вестерн музички теми, Џон Бери (John Barry) со музиката за Џејмс Бонд, Ханс Зимер (Hans Zimmer) и неговата соработка со Ридли Скот и други познати режисери, Алан Силвестри (Alan Silvestri) со одличната незаборавна музика за трилогијата Back to the Future итн. Но, кога зборуваме за препознатливост, актуелност и влијание, Џон Вилијамс според нас е на прво место.

Едно од неговите рани музички дела за филм е „Свирач на покривот“ (Fiddler on the Roof, 1971) со симпатичната препознатлива нумера “If I Were a Rich Man”.

Се разбира и неговите понатамошни дела се многу препознатливи, особено тие кои ги именувавме погоре, а во нив ќе препознаете и влијанија од класичните композитори како Рихард Вагнер (Richard Wagner). На пример главните теми од Стар Ворс (Star Wars, 1977) и Супермен (Superman, 1977) наликуваат на делата на Вагнер.

Особено на делото „Летот на валкирите“ (Ride Of The Valkyries, 1854)

А музиката од филмот „Сам дома“ (Home Alone, 1990) и Хари Потер (Harry Potter and the Sorcerer’s Stone, 2001) потсетуваат на Чајковски.

Особено на делото „Оревокршачка“ (The Nutcracker, 1892):

Се разбира, не треба да се заборави ни нумерата од филмот „Ајкула“ (Jaws, 1975), каде само два носечки тонови совршено ја надополнуваат тензијата на филмот кој има исплашено генерации морски капачи.

Постојат уште многу дела на овој генијален композитор кои заслужуваат внимание, но ви оставаме да истражите и малку сами. За целосна листа на навистина многубројните филмски композиции на Џон Вилијамс, посетете го овој линк.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *