Aрна технологија во тешки времиња!

Нашиот портал Арно.мк постои од февруари 2019 година и го започнавме со идеја да зборуваме за работи кои нѐ интересираат и имаат потенцијал да го сменат светот.

Минатата недела бевме контактирани од Swisshop, продавница за користени компјутери увезени од Швајцарија. Ни кажаа дека им се допаѓа што работиме и дека би сакале да ни помогнат во овие тешки времиња. Така добивме подарок компјутер од нив!

Јухууу, радости!

Морам да кажам дека погодија право во центар. Изолацијата нѐ погоди сите и технологијата се покажа како клучна во надминувањето на истата, а нашиот тим, како и секој кој создава содржини во виртуелниот простор, директно зависи од технологијата.

Swisshop не е голем играч на пазарот на компјутерска опрема, но тие нудат технологија која според наше мислење е поквалитетна од другата на нашиот пазар. Можеби затоа тие ја препознаа нашата вредност – и ние не сме голем играч во светот на порталите и онлајн медиумите, но се трудиме да нудиме квалитетни и поинакви содржини.

Нашата идеја е да се стремиме кон „доброто“ како принцип. Сите теми и текстови објавени на овој анти-портал имаат мисија да ги подобрат работите во нашето општество и да известат за добрите трендови во светот. Особено веруваме во моќта на популарната наука и нашите текстови имаат таков тон – сѐ со цел науката и технологијата, како значајни појави за развојот на секое општество, да се доближат до пошироката публика.

Ни се чини дека и Swisshop се стреми да го внесе доброто од светот на технологијата на нашиот пазар и затоа се чувствувавме морално должни да напишеме кус текст за нив.

http://www.swisshop.mk/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *