Свирете инструмент за да бидете попаметни

Истражувањата покажале дека секој пат кога слушаме музика нашиот мозок се стимулира, оттаму генерации бебиња се изнаслушале Моцарт додека биле во стомакот на мајките, поради што веројатно го замразиле овој музички гениј за цел живот.

Шега на страна, научниците преку експерименти докажале дека кога слушаме музика се активираат центрите за слух, анализа и разбирање на мелодијата и на ритамот и сето тоа се одвива во делче од секунда. Сето тоа го „вежба“ мозокот, го прави поефикасен и попластичен – битна особина за решавање проблеми.

Но, интересната работа која е откриена е дека секој пат кога субјектите свиреле инструмент мозокот не само што се стимулирал, туку станувал превозбуден. Во тој случај, на скенерите просто засветувал целиот мозок, особено визуелните, аудиторните и фините моторички центри од двете хемисфери, но не само тоа. Кога свирите инструмент се активираат и асоцираат лингвистичките (музиката е вид јазик) и математички способности од левата хемисфера со инвентивните и креативни способности од десната.

The Corpus Callosum, and Thoughts on Human-AI Collaboration ...

Сето тоа не само што ги стимулира овие центри, туку и „го вежба“ corpus callosum, мостот помеѓу двете хемисфери што овозможува пораките полесно да се пренесуваат помеѓу центрите и овозможува индивидуата полесно да се соочува со проблеми од различен тип (не само музички) и да изнајде решение.

И не само тоа, свирењето музика има и други позитивни ефекти, но да не откриваме сѐ, погледнете.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *