The Mandalorian, вистински бисер во Star Wars сагата

Во светот на гиковите постојат две паралелни реалности. Или си љубител на Star Trek или на Star Wars. Двата света не треба да се мешаат како оцет и масло или како материја и анти-материја зашто последиците може да бидат катастрофални за целата вселена.

Лично, како дете на 1980-тите и млад човек растен во 1990-тите бев љубител на Star Trek TNG (следната генерација), Пикард, Рајкер и целата таа семејна атмосфера на вселенски авантури со доза технофилија и футурологија.

Се разбира ги имам гледано и филмовите од Star Wars сагата, но никогаш не сум можел да се идентификувам со идеите за мистичната „сила“ (The Force). Ако веќе морав да бирам од СФ палетата на идеи повеќе би ја земал мистиката на филмот Dune од 1984 и неговиот зачин во духот на Soma од „Прекрасниот нов свет“ на Алдоз Хаксли. Од друга страна, Јода отсекогаш ми бил чуден тип, зелена кукла со „Големи ушите, зошто ти се толку, дедо?“

Baby Yoda' owns the internet. What does that mean for the future ...

Но, скоро излезе The Mandalorian и ми го смени мислењето за целата сага. Ни самиот не знам што ја прави оваа серија посебна, дали е одличната музика која на непредвидливи начини допира до мојот музички вкус и ме тера по цел ден да си ја потпевнувам главната нумера. Можеби е дистопискиот вестерн квалитет на серијата во која главниот лик, одметник и платеник, модерен витез со код на честа, самурај од иднината, решава да се откаже од сѐ во што верувал заради едно мало зелено суштество со преголеми уши. Или е токму заради тоа, пресимпатичниот мал Јода (кој има 50 години и е сѐ уште бебе) кој сакаш само да го гушнеш и да го заштитиш за да не му се случи ништо лошо.

Карактерите во серијата се одлично изградени и гледачот лесно се поврзува со нив, дури и епизодните анти-херои како комичарот Бил Бур кој е дел од банда која сака да му се одмазди на нашиот херој или еден од поглавните ликови, Џина Карано, некогашната кралица на женските боречки вештини во вистинскиот живот, а во серијата војник подготвен на борба за нејзините идеали.

Серијата ме натера да ги преиспитам моите гледишта за Star Wars и да ја изгледам целата сага повторно, дури и новите филмови. Но, внимавајте, ако се решите да ја изгледате и вие, постојат разни начини, освен очигледниот – хронолошки. Истражете самите, но според мене, најдобриот редослед на гледање е овој: (внимание – содржи спојлери!)

1) Episode IV: A New Hope (1977) – за да се запознаете со првата оригинална приказна
2) Rogue One: A Star Wars Story (2016) – иако е хронолошки пред Episode IV, океј е да се гледа после за да се дознае историјата на Death Star.
3) Episode V: The Empire Strikes Back (1980) – продолжуваме со сагата!
4) Episode I: The Phantom Menace (1999) – повеќето од фановите би го рипнале овој филм, но битен е бидејќи хронолошки е прв во сагата.
5) Episode II: Attack of the Clones (2002) – отсекогаш сте сакале да знаете кој е Дарт Вејдер, а сте се плашеле да прашате?
6) Episode III: Revenge of the Sith (2005) – темната страна победува?
7) Solo: A Star Wars Story (2018) – хронолошки е пред Rogue One, но во ред е да се гледа тука. Ја прикажува историјата на шармерот Хан Соло.
8) Episode VI: Return of the Jedi (1983) – сега откако ја знаеме историјата на сите побитни ликови можеме да продолжиме со гледањето на оригиналниот трет филм од сагата
9) The Mandalorian (2019) – читај погоре!
10) Episode VII: The Force Awakens (2015) – нови авантури на новите генерации.
11) Star Wars: Episode VIII – The Last Jedi (2017) – Luke Skywalker не е веќе момче, но повторно е единствената надеж!
12) Star Wars: Episode IX – The Rise of Skywalker (2019) – последниот филм од сагата?… без спојлери молам!

И нека силата биде со вас!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *