Во една малку постара епизода на StarTalk, каде се дискутира за науката (или недостатотк од истата) во филмот Avengers: Endgame, Neil deGrasse Tyson патем го споменува Периодниот систем на измислени елементи.
Се работи за елементите кои биле дел од некое познато научно-фантастично дело. Тука имате визуелен приказ.

Ако се прашувате каде е Криптон, тогаш треба да ја погледнете оваа целосна листа на измислени елементи, вклучително и тие за кои се претпоставувало (уште од антички времиња) дека постојат.
На листата се Administratium, кој е внатрешна шега и се однесува на бирократијата во научните кругови, Adamantine, кој од античко време се сметал за митски минерал со бесконечна цврстина, или Unobtanium и Wishalloy се имиња на супстанци кои се користат дури и во НАСА (освен во филмот Avatar), а се однесува на материјали кои е невозможно да се добијат, а „баш би биле згодни“ кога би постоеле!
Веруваме дека и Менделеев би бил горд на овие елеметнти. Ако научниците ги сметате за недоволно креативни, помислете уште еднаш, па и самиот Менделеев го сонувал периодниот систем!