Вим Хоф и Новак Џоковиќ, ладна терапија и вежби за дишење

Пред некој ден зборувавме за методот на Вим Хоф (повеќе за него и неговиот метод можете да прочитате тука и тука) и како нарачано дојде интервјуто на Новак Џоковиќ, тенисерот од „нашите краишта“ кој го практикува методот на Вим Хоф веќе неколку години.

Муабетот е интересен, Вим Хоф ја раскажува неговата историја и како по смртта на неговата жена го формулирал неговиот метод, како научно го докажал и слично, но исто така е интересен муабетот на Џоковиќ (околу 24 минута) за тоа што значи да бидеш на светскиот врв на еден спорт и како психата е важна колку и телото.

Џоковиќ зборува за сомнежот и вербата во себеси како за пресуден елемент во животот на секој човек и колку е тоа важно за неговиот успех, независно од тоа со што се занимава. Внатрешната борба и „муабетот“ кој го правиме во себеси може да ни го смени животот во позитивна или негативна насока. Ова е особено важно во денешни времиња, кога е навистина лесно да се биде негативен.

Погладнете:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *