Спајдермен е копија на Супермен и еве зошто…

Сигурно ви е познат филмот Супермен (1978), кој на денешните деца можеби би им бил смешен, но кога еден Марлон Брандо го глуми Џор Ел, таткото на Супермен, нема сомнеж дека се работи за квалитетен филм.

Скоро повторно ја изгледав трилогијата и сфатив дека зад небесно сините очи на Кристофер Рив се крие вистински акретски гениј. Начинот на кој го менува карактерот не само помеѓу Кларк Кент и Супермен, туку и помеѓу неговото лошо и добро алтер-его е навистина маестрален.

Супермен е архетипскиот суперхерој на мисија, семоќен, добар, со скриен идентитет и кул костум! Многу е напишано за трилогијата Супермен (четвртиот нема ни да го рачунаме, останува на вас да откриете зошто), за култниот режисер Ричард Донер и контроверзите околу Супермен 2, но ако имате време изгледајте го повторно првиот дел и ќе забележите некои интересни сличности со уште еден култен суперхерој – Спајдермен.

Всушност, не мачете се, ние ќе ви кажеме зошто Спајдермен (2002), еден од најпопуларните филмови за суперхерои на Марвел е копија на Супермен (1978). Ова е нашата листа:

1) Стереотип за неспретна бубалица

Кларк Кент и Питер Паркер се архетипски бубалици. Кларк Кент има очила, го сметаат за мамино синче и има репутација дека најбрзо чука на машина за пишување на Дивиот Запад. Питер Паркер е паметен, одличен студент и склон кон малтретирање од соучениците. И двајцата се пасивни, интровертни, несигурни, несмасни и девојките/жените не ги сакаат. Водечкиот женски лик е привлечен од нивните алтер-ега, т.е. суперхероите. Освен тоа, обајцата се аутсајдери, живеат изолирано (Супермен дури има и Замок на самотијата!), и се поврзуваат со своите сограѓани само преку нивните ноќни активности кога се скриени од непосакуваните погледи.

Just Clark kent .... wait ... WHAT !!! (With images) | Cartoon ...

2) Работат за весници

Кларк Кент и Питер Паркер работат за весници. Кларк Кент е новинар на „Дејли Планет“, а Питер Паркер е хонорарен фотограф за „Дејли Бугл“. Покрај тоа, и двајцата нивни шефови се идиоти (а кој шеф не е!) кои не ги почитуваат алтер-егата на нашите скриени херои.


New Jameson Laugh Memes | Jonah Jameson Laugh Meme Memes, J ...

3) Решаваат ситни злосторства и спасуваат мачки заглавени на дрвја!

И двајцата суперхерои на почетокот ги користат своите моќи да глумат цајкани и решаваат некои ситни и небитни злосторства, а Супермен дури си го арчи времето да спаси мачка заглавена на дрво.

What are your thoughts on the second trailer for “Batman v ...
Спасувам мачки, на американски начин!

4) Главниот женски лик е воодушевен од суперхеројот!

Водечките женски ликови во двата филма се привлечени од суперхероите, а не од нивните алтер-ега. Мери Џејн го смета Питер Паркер за симпатично, по малку смотано, другарче и го сака како брат, слично како и Лоис Лејн. Нашите херои се заљубени во главните женски ликови, но се плашат да им се откријат бидејќи можат да ги загрозат.

Call me peter parker cuz i'm in love with mary jane ...

5) Родители им се мртви, а следен е потаткото – тоа го создава супер-херојот

И двајцата се без нивните биолошки родители. Посвоените родители на Кларк Кент се мама и тато Кент. Потаткото му умира, како и чичкото на Спајдермен и двете случки го придвижуваат дејството. Супермен решава да го напушти Смолвил и да се пресели во големиот град Метрополис, а Спајдермен се решава да биде достоен суперхерој и да ги почитува зборовите на неговиот чичко: „Со големата моќ доаѓа и голема одговорност“.

Peter Parker Evil's Dance (Scene) - Spider-Man 3 (2007) Movie CLIP ...
Одговорноста на секој граѓанин е да не танцува во јавност.

6) Противници (анти-херои)

Лекс Лутор е стар „пријател“ на Супермен, барем уште од 1940 година кога Супермен уште бил стрипски суперхерој. Оттогаш Лекс бил претставен или како луд научник или како богат бизнисмен. Истото може да се каже и за негативецот на Спајдермен, замислете повторно богат бизнисмен и луд мегеламански научник! Но, зарем тоа не е темата во сите филмови за суперхерои? Се сеќавате ли на анимираниот Супермен и неговиот противник лудиот научник Тесла (да, Никола Тесла!)? Е, тоа е веќе тема за еден друг текст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *