Вим Хоф или Д-р Кнајп – не е важно. Само вдишете, опуштете се и нурнете се – во ладното!

Методот на Вим Хоф владее со целиот свет! Веројатно сте го чуле славното мото “Breathe in, letting go!” или “The cold is my teacher” од Вим Хоф, но кој е Себастијан Кнајп и на кој начин тие двајца се поврзани? Дозволете ми да ви кажам од моето лично искуство.

Wim Hof – right on!

Вим Хоф е холандски чудак и практичар на екстремни рекорди на издржливост во студот. Прв пат се сретнав со неговата филозофија по неговата посета на подкастот на Џо Роган, кој започнав да го следам уште во 2010 година. Бев воодушевен од личноста на Вим Хоф, неговата ексцентричност, но уште повеќе од едноставноста и ефективноста на неговиот метод. Се разбира, го пробав делот со дишењето и се чувствував одлично, но не ги пробав ладните тушеви и заборавив на најважниот дел – посветеноста.

Одвреме-навреме се навраќав на методот, пред да одам да пливам на базен зимно време и кога се чувствував потиштено, но пред неколку години кога се разболев, навистина го сфатив потенцијалот на методот. Една ноќ се тресев од температура и треската се креваше како луда. Мојот мозок се исполни со слики и звуци од минатото и се чувствував како кога бев дете и халуцинирав од насилните трески. Тогаш нешто ми рече да станам од креветот и да почнам да дишам длабоко. Дишев не само со белите дробови, туку и со умот во решеноста да ја победам таа работа што го надвладеа моето тело. Дишев длабоко и подлабоко додека речиси не се онесвестив. Се присетив дека како дете се обидував да го задржам здивот подолг временски период, но најмногу успеав 1 минута и 15 секунди. Во последната сесија на Вим Хоф дишењето погледнав на часовникот и видов 3 минути 30 секунди. Немав време да се радувам на мојот нов рекорд, туку останав зачуден од тоа дека треската целосно исчезна и веќе воопшто не се чувствував болен. Тогаш станав верник на методот на Вим Хоф, затоа што „да направиш е да веруваш“, како што вели тој.

Неколку годинии поминаа и повремено се плеткав со методот на Вим Хоф, но не ги испробав студените тушеви, мислев дека дишењето е доволно и не бев дисциплиниран. Изолацијата и глобалниот страв од невидливиот непријател ме врати на методот. Овој пат го направив како што треба, со дишење, студени тушеви, медитација и јога. Моите резултати растеа и се чувствував одлично, немав депресија во изолацијата и го исполнив моето време во потполност. Се разбира, имав уште многу да учам и да постигнам за мене лично, но навистина сум благодарен на Вим Хоф и на неговите откритија.

Откако станав вистински Вим Хоф метод практичар, почнав да размислувам за корените на методот. Се сетив на глетката на децата, дури и во градинките, во Русија, надвор во нивните костуми за капење, како тријат снег на голата кожа, за подобрување на имунитетот. Русите и другите нации кои живеат во ладни средини се исто така познати по своите бањи во замрзнатите езера.

Nursery children standing in the snow throw ice cold water over ...

Позитивниот ефект на ладното и ладната вода е познат во раните цивилизации. Тоа го практикувале античките египетски, грчки и римски цивилизации, во Античка Грција се викал воден-лек, а Римјаните се капеле во фригидариуми. Терапијата со ладно туширање се користи и во античката индиска ајурведска медицина и класичните јога-практики кои препорачуваат ладно туширање наутро. Во модерниот свет и во САД спортистите ги лекуваат воспаленијата од премногу вежбање преку екстремно ладното, со користење на ледени бањи или криотерапија. Во минатото во Европа популарноста на т.н. хидротерапија ја ширеа Себастијан Кнајп и неговата книга My Water Cure (1886) која била препечатена повеќе од педесет пати и на многу јазици.

Kога започнав со вежбање на методот на Вим Хоф, сфатив дека тој црпи голема инспирација од практиките на баварскиот свештеник Кнајп и постарите култури кои практикуваа пранајами со длабоко дишење, јога асани и особено ладните бањи.

Методот навистина има многу придобивки, особено кога ги комбинирате ладната вода и жешката сауна, студот ги отвора периферните капилари и ја носи топлината до органите, а жешкото ги отвора и ја циркулира топлината и крвта назад кон периферијата. Можеби ова се чини како архаична пракса која ги заснова своите наоди врз античката и средновековната хуморална теорија, но придобивките се повеќе од видливи во секојдневниот живот. Кога студената вода ќе ви ја допре кожата, ја чувствувате како електрична енергија која му дава сила на вашето тело. Се чувствувате витално, енергично, среќно и полно со живот!

Студените тушеви имаат корист не само за вашата циркулација и емоционална состојба, туку и го зајакнуваат имунолошкиот систем и, спротивно на вообичаените верувања, ви даваат топло чувство во зима. Потребно е многу волја да се натерате да застанете под ладен туш, и самата таа постапка ја крева вашата самодоверба и внатрешна сила. Антидепресивните ефекти врз расположението, автономниот нервен систем и ендокриниот систем во комбинација со длабокото дишење се веќе добро и научно докажани. Можете да ги проверите фактите и научните студии на интернет.

Вим Хоф привлекува големо внимание, особено денес, но не треба да ги заборавиме праксите од старината и личности како д-р. Кнајп. Животот и здравјето не е изолирана работа, иако денес сме принудени да живееме во изолација. Д-р Кнајп предложи хидротерапија како средство за подобрување на здравјето на луѓето, но и во комбинација со други методи, како што се употреба на ботанички лекови, вежбање, исхрана и рамнотежа. Сите овие работи може да се практикуваат дома, и се корисни алатки во овие времиња.

Можеби најтежок е последниот аспект на рамнотежата. Навистина, секогаш кога лично чувствував сомнеж или не се обидував доволно од која било причина, моите резултати опаѓаа. Не треба да ја заборавиме старата поговорка дека во здраво тело има здрав ум, и обратно. Се разбира, пред да се нурнеме во студот, треба да се погрижиме двете работи да се оптимални. Или можеби студот ја има моќта да го ресетира умот и да му помогне на телото? Како што вели Вим Хоф „за да поверуваш, треба да направиш“, затоа не верувајте, само правете!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *