Гана, на западот е рана, има светла иднина… но, со маана!

Кој се сеќава на Движењето на неврзаните? Поранешна Југославија беше еден од основачите и предводниците на Движењето, се разбира, со Тито на чело! Како беше она: Тито, Насер, Нехру?…

Но, дали знаевте дека ова движење не се распадна со распадот на Југославија, туку и ден-денес идеите за независност, победа над сиромаштијата, економскиот развој, анти-колонијализам и анти-империјализмот сѐ уште живеат?

Тоа нѐ доведува до случајот на Гана, како членка на Движењето на неврзаните, и говорот на нејзиниот претседател пред францускиот претседател Макрон, кој како што ќе забележите во видеото, менува десетици изрази на лицето и повремено потскокнува кога ќе ги слушне зборовите како „минерални богатства“. Погледнете:

Навистина, Африка има 30% од минералните богатства во светот без кои модерните технологии би биле невозможни, а Гана е втора земја во Африка по производство на злато и таму скоро е пронајдена и нафта…

Сето ова во ушите на западните империјалисти звучи само како „чи-чинг!!!“ и токму заради тоа е потребно африканските земји да се обединат и да си ги заштитат ресурсите. Па кој сака да има дел од колачот, ќе си плати, ферски, нели!?

Тоа е само мал дел од говорот на овој претседател кој се грижи за својата земја и се прашува зошто другите земји кои имаат ресурси станале веќе богати, додека Гана се мачи. Сепак, тие не планираат да сопрат и вложуваат многу во развојот на индустријата, технологијата, електрониката и имаат стапка од невработеност од само 7%.

Дознајте повеќе за Гана тука:

Сепак развојот има цена, за што зборува и најголемиот отпад на електронска опрема од целиот развиен свет, кој се наоѓа токму во Гана!

Дали бегајќи од една имеријалистичка чизма, Африка ќе потпадне под друга и колку во целата приказна се вклопува навлегувањето на кинескиот капитал во Африка и процесот на Трансформација од „Made in China“ во „Made in Africa“ проценете сами:

Како што гледаме, политиката и развојот на една земја никогаш не е едноставна и еднонасочна улица, кој пат и да го избере таа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *