Панграм во време на пандемија!

Во моите рани писателски денови, пред да ја објавам првата книга, експериментирав со приказни во проза кои ги пишував на мали ливчиња со големина на кибрит. Тоа беше одлична вежба која подоцна ме доведе до мојата книга со куси раскази „За секого по нешто, за некого ништо“, објавена за Темплум во 2003 година.

Пишувањето панграми е исто така одлична вежба за секој писател, но и за тие кои сакаат да експериментираат со пишаниот збор, како и забавна алатка за исполнување на времето во изолација.

Окно веќе трет пат го организираше конкурсот за панграм. „Идеален панграм е онаа реченица со смисла, која ги содржи сите букви (31, во случајов) употребени само по еднаш. Ова веројатно е невозможен потфат, но ајде да се обидеме да склопиме панграм реченица составена од најмал број букви“, се вели во конкурсот кој за оваа година е завршен.

Имате време да вежбате за догодина и не заборавајте да проверите колку сте успешни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *