Бесплатни онлајн курсеви за вас, прекрасни изолирани луѓе

Веќе ви зборувавме како да го пополните времето во време на изолација, не како себичен чин на негрижа кон тие кои страдаат, додека ние бараме начин како да ја надминеме здодевноста, туку како акт на себенадоградба додека колективно се грижиме едни за други преку изолација.

Денес ви препорачуваме неколку бесплатни курсеви од Coursera за ментално здравје и добросостојба.

Изберете некој од следните курсеви достапни бесплатно до 31.05.2020

Исполнет и среќен живот

Можеби звучи како цитат од лимонада филм, но се работи за базична работа која ја сака секој човек од животот. Курсот го води Prof. Raj Raghunathan, познат по неговите Тед и други предавања на тема „ако си паметен, зошто не си среќен?“ Преку научно испитување на полињата на психологија, неурологија и бихејвиоризам се испитуваат практични рецепти за тоа како да водите исполнет и среќен живот.


Демистифицирање на медитацијата

Што е медитацијата и како да ги избегнете шарлатаните? Можеби сте веќе медитативна личност, а не го знаете тоа? Дознајте повеќе.


Лекување со помош на уметноста

Кај нас популарна како арт-терапија овој курс со помош на визуелните уметности, танцот, пишувањето и музиката ви помага да се справите со физичките, менталните, емотивните или духовни пречки во вашиот живот.


Откријте ги вашите тајни потенцијали

Научете како да успеете во денешно време на онлајн кариери и како да се подобрите дури и во подоцнежните години.


Психолошка прва помош


Научете како да им помогнете на луѓе кои страдаат со помош на Rapid моделот (Reflective listening, Assessment of needs, Prioritization, Intervention, and Disposition), активно слушање, проценка на потреби, приоритети, интервенција и диспозиција.


Науката на вежбањето

Научете зошто на вашето тело му е потребно вежбањето и како тоа реагира, што во вашата средина ве спречува да вежбате и како да го надминете тоа преку правење вистински избори.

Помалку седење, повеќе активност


Можеби не сите аспекти на овој курс се возможни во време на изолација (пример, возење велосипед), но повеќето се примелниви (на пример ако имате орбитрек)… Научете како да бидете поактивни, како да ја следите вашата активност и да поставувате цели кои ќе ги остварите и како да ги надминете пречките кои ги наметнува изолацијата. Со курсот ќе добивате потсетници и пораки кои ќе ви помогнат да останете активни.


И на заборавајте – останете дома, бидете здрави, активни и безбедни!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *