3 факти кои (можеби) не ви се познати од историјата на компјутерите

Историјата на компјутерите е интересна како добра криминалистичка приказна произлезена од машината за пишување на Рејмонд Чендлер или Дашиел Хемет, поврзана со завери, шпионирање, крадење технологии и се разбира добра доза анти-херои од редовите на нацистичките злобни и генијални умови. Некогаш таа историја е како љубовно романче, а некогаш како сцена од филм за воени злосторства… Да тргнеме од почеток.


1. Првиот програмер во историјата била жена!

Да, токму така, сите вие компјутерџии и технологџии, гикови и стартрек љубители сте духовни деца на една генијална жена – Ada Lovelace. Таа била ќерка на поетот Lord Byron, кој ги познавал маките и тешкотиите на уметниците и не сакал ќерка му да страда, заради што ја насочил кон математиката и логиката. И тоа била добра одлука, затоа што малата Ада уште од млада возраст покажала склоности кон математиката и технологијата и на 12 години направила концепт на летачка машина. На 17 години се запознала со Charles Babbage, кој се смета за „татко на компјутерот“. Да ја скратиме приказната, таа измислила начин како машините за калкулирање на Бебиџ би можеле да извршуваат пресметки, со што всушност го напишала првиот алгоритам. Каде би бил светот денес без алгоритмите!


2. Првите компјутери биле текстилни машини!

Идејата за програма заснована на картички со дупки потекнува од машините за ткаење текстил каде картичките биле користени за контрола на шарите кои требале да се исткајат на ткаенината кон почетокот на 19 век. Истата идеја сакал да ја примени и Чарлс Бебиџ, но подоцна ја применил Herman Hollerith за изготвување статистички податоци кон крајот на 19 век.


3. IBM го поддржувале Хитлер и нацистите!

Гермаците отсекогаш ги бивало за технологија, па идејата за правење статистички податоци со помош на картички во кои секој засек би означувал пол, националност или професија им се видела како совршен спој! Нацистичка Германија била голем клиент на IBM кои помогнале во успешно извршување на Холокаустот! Звучи шокантно? За повеќе информации читајте тука.


Што можеме да заклучиме? Историјата (на компјутерите) не е како што се чини и многу вистини може да се лаги, а денешни лаги да излезат утрешни вистини… кој знае!?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *