Јадете колачиња наместо леб, интернет народе!

“Cookies” (кај нас преведени како „колачиња“) се нужен дел од сурфањето по интернет, а сепак ја нарушуваат нашата приватност и не следат каде и да „одиме“ во виртуелниот простор – но, како настанале?

Дали ви текнува на Netscape? Е па пред Internet Explorer, Mozilla Firefox Или Google Chrome, Netscape беше доминантен интернет пребарувач. Во видеото подолу ќе се запознаете со Lou Montulli, човекот кој ги создал познатите “cookies” во 1994 кога работел за Netscape.

Тогаш програмерите се соочиле со проблемот на меморијата на интернет мрежата која се однесувала како Дори од филмот Finding Nemo – секој пат кога посетуваш нова страница, се логираш од почеток… што Лу го решил со познатите Cookies кои се низа од бројки и букви кои му помагаат на сајтот да го запамти корисникот.

Истата година се појавиле и првите интернет реклами. Но, зошто? Едноставно – таа низа од бројки и букви им кажува и на рекламните сајтови кои сме, кои се нашите интереси и што да ни рекламираат. Големите компании како Google и Facebook играат огромна улога во ова, собирајќи информации за вашето однесување на интернет.

Лу, како и секој добар програмер го предвидел тоа и ги направил “cookies” достапни само за сајтот на кој сурфате, но се разбира компаниите нашле начин да го надминато тоа со т.н. “third-party cookies” или попознато како “tracking”. Тоа е начин на кој различни сајтови можат да споделуваат информации во врска со вашето однесување.

Што можете да направите? Можете да ги блокирате “third-party cookies”, но не и “first-party cookies” зашто ќе се почувствувате како Дори која го бара Нимо.

Во тој случај компаниите како Google и Facebook ги маскираат вашите cookies како да се “third-party” и повторно сте во иста ситуација.

Во прашање се милијарди, всушност трилиони долари и не се чини дека нешто наскоро ќе се смени.

Погледнете повеќе:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *