Пред LOL да стане општата кратенка за изразување на смеење со помош на текст, LOL значеше “Little Old Ladies” и зборот е поврзан со историјата на компјутерите, технологијата и – патот на Месечината!
Во мисиите на Аполо во 1960-тите мемориските плочки се состоеле од магнетски монистри кои требало рачно да се „исплетат“ и тоа го правеле „малите стари жени“ (да не се меша со популарниот филм Little Women!)

Овие мемориски плочки биле пресудни зашто во нив се чувале информациите кои ги управувале вселенските модули во вселената.
Не ни е познато дали во тогашниот СССР постоеле „бабушки“ кои го правеле истото, но замислете колку добри плетачки требале да бидат овие жени кога судбината на астронаутите, па и репутацијата на САД во светот зависела од нив.

Ова прашање го истражува авторката Daniela Rosner во нејзината книга “Critical Fabulations”.
Прочитајте повеќе тука.