Жив интернет!?

Знаете дека живиот свет се дели на растенија и животни, нели? Точно, но тука се и габите кои не спаѓаат во ниеден од овие две „кралства“. Кога јадете леб или пиете пиво, присетете се на квасецот, а никој не ја сака мувлата – но, таа има клучна улога во распаѓањето на органската материја и без неа светот би бил пренатрупан од отпадоци!

И не само тоа, науката денес ја открива суштинската врска помеѓу габите и растенијата. Всушност, да не биле габите, растенијата не би можеле да земаат хранливи материи од почвата. Врз секој корен на планетата земја живеат габи кои со својата површина ја надминуваат таа на корењата. Но, што добиваат габите од тоа?

Тие добиваат шеќери од растението и така живеат во симбиоза и хармонија. Но, освен тоа габите со нивната голема распространетост помагаат растенијата да комуницираат помеѓу себе, па дури и да развијат систем за предупредување. На пример ако едно растение е нападнато, тоа ќе ги предупреди другите со хемикалии кои се пренесуваат преку габите.

Дознајте повеќе за чудесниот свет на габите на кои им го должиме постоењето – нема габи, нема растенија, нема човек!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *