Што е заедничко помеѓу Тесла, Њутн, Ајнштајн и Хокинг?

Се разбира, Тесла, Њутн, Ајнштајн и Хокинг биле генијални научници и физичари и секој од нив на особен начин го сменил начинот на кој гледаме на животот и на вселената.

Исак Њутн бил првиот кој се запрашал за тоа како гравитацијата дејствува на нас, на светот и на нашата планета во однос на другите небесни тела. Истата сила која го влече јаболкото кон Земјата, ја држи месечината во наша орбита. Иако неговите теории се засенети од Теоријата на релативизмот на Ајнштајн, сепак 500 години доминирале со светот на физиката, а денес се уште се користат кога се планираат вселенските летови. Њутн е закон!


Алберт Ајнштајн бил прв научник кој помислил дека гравитацијата не е сила, туку поле, а има има апликација и во други сфери на науката. Теоријата на релативитетот ја воспоставила врската помеѓу просторот, времето и гравитацијата. Освен тоа, неговите теории помогнале да се одгатнат тајните на егзотичните објекти во вселената како што се црните дупки.


Тука во игра стапил Стивен Хокинг кој воспоставил значајни теории за црните дупки, но многу повеќе од се придонел кон популаризацијата на науката и инспирирал млади умови да ги надминат тешкотиите кои ги носи оваа професија.


Последниот, но не помалку значаен, непризнаениот напатен гениј, Никола Тесла, е заслужен за електрификацијата на светот. Навистина, денешниот живот е незамислив без струја, а тој се залагал за чиста енергија, многу пред другите и освен тоа ги поставил основите на радио и безжичната комуникација. Под научниот појас има стотици патенти, но светот во кој Едисон е славен како поголем научен ум од Тесла, дури и од денешните великани како Илон Маск (чија компанија иронично се вика Тесла) – е свет во кој живееме, сакале или не.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *