Три начини на толкување на соништата

“I have a dream” на Мартин Лутер Кинг е најпознатиот говор во историјата, до толку што терминот „сон“ во американската култура се поистоветува со голема свесна желба која има сила да го раководи животот на индивидуата до остварување на животната цел (во истото општество, за разлика од сонот на д-р Кинг тоа е материјален успех, слава, пари…)

Но, што е со другите култури? Уште од античките времиња на соништата им се придавало големо значење како прозорец кон внатрешниот скриен свет кој може да ни помогне да ја предвидиме иднината или барем да се разбереме подобро. Според старите Абориџини душата на човекот го напушта телото додека тој сонува и оди на другиот свет, а во стариот Египет и Грција сонувањето се сметало за натприродна комуникација или божествена интервенција со пораки кои можат да ги разберат само луѓе со „духовна моќ“.

Image result for surrealism

Во науката (ако психологијата ја сметате за наука) постојат повеќе толкувања, а главни се три теории.


Сигмунд Фројд – соништа како пат кон несвесното
Како еден од првите кој дал „научно објаснување“ на соништата во неговата обемна, но информативна и интересна книга „Толкување на соништата“ сметал дека соништата можат да ни дадат увид во скриените желби.

Карл Јунг – архетипи и колективно несвесно
Омилениот ученик на Фројд кој откако застранил во источната филозофија и пракса станал неговото „проблематично духовно дете“ зборува за соништата како пат кон откривањето на скриените аспекти на нашата личност како „сенка“, „анима“, „анимус“ и други архетипски симболи.

Калвин Хал и Вилијам Домхоф – соништата како когнитивен процес
Соништата во овие теории се претстави за нешта од нашиот свесен живот – себеси, семејството и социјалното опкружување. Ако ова ви наликува на нешто лишено од фантазија и мистика, типично прагматично и американски, во право сте.


Се разбира не треба да верувате на оние сајтови и книги за толкување на соништата. Иако постојат одредени генерички симболи (особено според Јунг), нивното разбирање и значење зависи од искуството, опкружувањето и психичката конституција на индивидуата.

Додека не ја дознаеме тајната на соништата да видиме дали Андроидите сонуваат електрични овци?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *