Живи роботи!?

Веќе пишувавме за вештачката интелигенција, но што е со „живите роботи“?

Не зборуваме за андроидите, туку за клетки кои може да се програмираат. Како?

Тим на истражувачи тврди дека создале т.н. ксеноботи (xenobots) или „биолошки машини“ кои можат да се движат, да креваат објекти или да се самолекуваат откако биле повредени.

Овие „биолошки машини“ би можеле во иднината да ги чистат океаните од микропластика или крвните садови од маснотии или да се внесат во друг организам како микроскопски „домашни лекари на посета“ кои ќе испорачаат лек таму каде што е потребно.

Според истражувачите дефиницијата „робот“ е грешна, и се работи за нов вид на живи организми со големина од еден милиметар кои можат да се програмираат за извршување на конкретни задачи.

Тие биле дизајнирани од суперкомпјутер со помош на „еволуциски алгоритам“ кој со симулации тестирал илјадници 3Д дизајни на рудиментирани форми на живот.

„Избраните“ клетки (мускулни срцеви клетки) имале погон (со ширење и собирање) и живееле една недела, по што се целосно биоразградливи!

Истражувачите предвидуваат дека во иднина ќе можат да градат вакви ксеноботи од нервни клетки што значи дека би можеле да развијат свесност – што е воедно восхитувачко и застрашувачко!

Прочитајте повеќе тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *