СТАДИУМИ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Вештачката интелигенција (ВИ) станува се подобра и се применува во разни сфери, од автоматското возење, до игрите, и прашање на време е кога ќе преминат од Стадиум II кон Стадиум III. Но, кои се стадиумите на вештачка интелигенција?


  • СТАДИУМ I: РЕАКТИВНА ВИ*

Базична форма на ВИ. Директно ја перцепира својата околина/ситуацијата и реагира на она што го гледа. Нема концепт за поширокиот свет. Не може гради спомени или да се потпира на искуства од минатото, за да влијае на тековните одлуки. Се специјализира само во една област.

Примери:
• Deep Blue на IBM кој го победи Каспаров во шах
• AlphaGo на Google кој триумфираше над човечките шампиони во Go


  • СТАДИУМ II: ОГРАНИЧНА МЕМОРИЈА

Овој вид разгледува делчиња од информации од минатото и ги додава во неговите препрограмирани претстави за светот. Има само доволно меморија или искуство за да донесува соодветни одлуки и да извршува соодветни активности.

Примери:
• Самоупоравувачки возила
• Chatbots, лични дигитални асистенти


  • СТАДИУМ III: ТЕОРИЈА НА УМ

АИ од типот III има капацитет да ги разбере мислите и емоциите кои влијаат врз човековото однесување. Овој тип – кој може да ги разбере чувствата, мотивите, намерите и очекувањата и може да комуницира социјално – допрва треба да се гради. Но, најверојатно ќе биде следниот стадиум на интелигентни машини.

Примери:
• C-3PO и R2-02 од универзумот на Star Wars
• Sonny во филмот I, Robot (2004)


  • СТАДИУМ IV: САМОСВЕСНОСТ

Овие типови на АИ можат да создадат претстави за себе. Како продолжување на теоријата на умот, тие се свесни за нивните внатрешни состојби, можат да ги предвидат чувствата на другите и можат да изведат апстракции и заклучоци. Тие се идната генерација на машини: супер интелигентни, сензитивни и свесни.

Примери:
• Eva во филмот Ex Machina (2015)
• Synths во ТВ серијата Humans (2015)


Се разбира, постојат уште многу примери за ВИ во научната фантастика и филмовите, од постарите како Марија (роботот од филмот Metropolis, 1927), преку HAL 9000 (2001: A Space Odyssey, 1968) до Репликантите (Blade Runner, 1982), Skynet (The Terminator, 1984), RoboCop (RoboCop, 1987), и на сите омилениот Дата од Star Trek или поновите, симпатичниот Chappie (Chappie, 2015), страшниот David 8 (Alien: Covenant, 2017) или борбената Alita (Alita: Battle Angel, 2019)… и многу други.

Кој е вашиот омилен робот?


Текстот за стадиумите на ВИ е преземен од Futurism.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *