Вистинска алтернативна пластика

Пластиката е насекаде! Од уредот на кој го читате овој текст до облеката која ја носите.

Се разбира не се работи за завера на пластичните масони, туку за проста економска логика.

Пластиката е флексибилна, издржлива, прилагодлива и најбитното – ефтина е!

Се разбира истата причина заради која станала толку сеприсутна ја прави и опасна за околината – едноставно не се распаѓа во почвата и водата, а со нејзиното производство и горење се загадува воздухот и количеството на јаглерод диоксид (меѓу другото) во воздухот.

Чаре? Научниците се сè повеќе убедени дека единственото решение е сосема да се напушти пластиката! Тоа е возможно до извесна мерка, на пример пластичните кеси за пазарење се чинат непотребни и лесно можат да се заменат торби и други реупотребливи варијанти. Пластиката исто така честопати непотребно се користи за различни пакувања на прехранбени производи. Но, колку и да го намалуваме користењето на пластиката, невозможно е таа сосема да се отстрани.

Се чини дека единствено решение е да се измисли нова, понапредна и поеколошка варијанта на пластиката. Погледнете го видеото подолу да видите колку сме навистина блиски до тоа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *