Rock is dead! Long live Rock!

Рок музиката во изминатите 70 години била на врвот на листите на популарната музика. Од The Beatles, преку Led Zeppelin, генерацијата на нашите родители (зборувам за оние кои не ги слушале фолк и евергрин музиката), т.н. boomers, пораснала со рок музиката.

Нивните деца – ние – пораснавме со гранџ и гаражен рок. Да, звучи неверојатно, но постоеше време кога бенд како Nirvana му беше познат на секое маалско дете.

Нашите деца растат со… (drum roll) – mumble rap!?!

Да разјасниме – кога последен пат сте слушнале некој рок бенд да доминира со светските топ листи? Се разбира, топ листите не се одраз на квалитетот на бендовите, но сепак зборуваат за светските тенденции во музиката и за она што младите сакаат да го слушаат – а тоа не е рок! Кој е виновен?

Виновни се – Coldplay! Се разбира, не само тие, туку цела плејада рок бендови кои електричните гитари ги заменија со акустични, а тетовираниот, суров изглед го надополнија со гласче како на пејачката од цртаниот филм Frozen.

2010 година е прва во која по 6 децении немало рок хит на светските топ листи, а трендот продолжува до денес. Се разбира, имало падови и порано. Во 1984 рок албумите доживеале историски неуспех, поради воведувањето на ситисајзерите во рок музиката (Thanks Bruce!) или во 2000 година, на почетокот на новиот милениум.

Сепак, 2010-тите се деценија во која рок музиката дефинитивно умре и се надеваме дека ќе оживее во 2020-тите, зашто ако не се случи тоа – и нашите внуци ќе бидат музички мекуши!

Long live Rock!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *