Сапунска дилема!?

Не грижете се, нема да разговараме за „сапунските“ (или кај нас порано нарекувани шпански, а сега турски) серии.

Ќе почнеме од прашањето – што се случува со сите оние сапунчиња кои остануваат неискористени по вашата посета на хотелите низ светот?

Одговорот е – се фрлаат, а дилемата е – како да не се прави тоа?

Организацијата Clean the World нашла решение со тоа што ги преземаат користените средства за хигиена од хотелите, ги стерилизираат, мелат и повторно прават производи од нив.

Овие производи понатаму се донираат во земјите каде што хигиената е на ниско ниво, предизвикува многу болести и смртност кај деца.

Clean the World досега имаат донирано повеќе од 50 милиони сапуни во 127 земји ширум светот.

Интересна идеја која вклучува грижа за околината (средствата не завршуваат на депонии), реупотреба и помагање на понесреќните.

Погледнете повеќе:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *