Малите ракети се иднина на вселенската трка?

Најверојатно знаете за приватните вселенски компании на Илон Маск (SpaceX) и Џеф Безос (Blue Origin), но дали сте слушнале за Rocket Lab?

Rocket Lab се вселенска компанија од Нов Зеланд специјализирана за лансирање на мали ракети со носивост до 150 килограми. Едно лансирање во вселената чини помалку од 5 милиони американски долари, со што праќањето сателити во вселената е многу поедноставно и поевтино.

Тоа ќе доведе до револуција во истражувањето на вселената. Револуцијата се однесува на истражувањето на вселената и барањето живот надвор од нашата планета. Замислете да можете да лансирате илјадници вселенски летала за неколку години – шансите за пронаоѓање живот во вселената прилично се зголемуваат.

Тимот од Нов Зеланд го прави токму тоа. Имаат создадено систем за производство и лансирање на мали ракети на секои 72 часа, кој вклучува големи новитети, како на пр. 3Д принтање на мотори за ракетите.

Досега лансирањето на ракети во вселената подразбира неверојатни подвизи на науката и технологијата, огромни парични средства и предизвици како на пример затворање на 2.000 км воздушен, морски и копнен простор, што значи загуба од $70,000 за компаниите, а тоа е значаен проблем.

Ако оваа нова технологија се прошири низ светот тоа значи демократизирање на вселената, а од тоа би имало корист целото човештво. Погледнете повеќе на видеото подолу.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *