Шах како фитнес!?

Скоро зборувавме за Каспаров и за шахот. Во едно интервју Каспаров вели дека актуелниот шампион, Магнус Карлсен, е смртоносна комбинација на Боби Фишер и Анатоли Карпов, но тоа што го прави шампион е и неговата одлична кондиција.

Но, каква врска има оваа игра, која за нетренираното око е најздодевното нешто во универзумот, со физичката кондиција!?

Навистина, студиите велат дека шахистите губат до 6.000 калории во текот на еден турнир! Но, колку е навистина тоа?

Што мислите колку калории се губат со 6 часа трчање на лента со 6% успон или со правење 3,333 чучњеви? Или колку калории се согоруваат со 8 часа возење велосипед или пливање?

Одговорот е: 6.000 калории!

Токму поради тоа што шахот е игра која исцрпува ментално и физички, Магнус вели дека понекогаш размислува за тоа дека може да заврши како Боби Фишер, кој се однесувал чудно и нетипично, па и според советникот на Карпов, Валери Крилов, специјалист во психо-физичката рехабилитација на спортисти, страдал од шизофренија.

Во ова видео, помеѓу другото, се напоменува дека Магнус Карлсен спортува секој ден. Во здрав дух – здраво тело!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *