Уште неколку многу битни предлози кои не беа вклучени во „О2 Иницијативата“ до владата

Наполно ги поддржуваме барањата на О2 иницијативата и би сакале да додадеме неколку наши предлози.

Постојат два значајни начини како навистина да се намали аерозагадувањето.
1) да се намали бројот на луѓе кои се греат на дрва
2) да се намали бројот на дизел возила без филтер.

Ако се решат овие две прашања загадувањето на воздухот ќе се намали 70 до 80%. 

Еве ги нашите предлози:

  • Забрана на греење со дрва, јаглен, мазут во критично загадените зони во државата.
  • Забрана на греење со дрва, јаглен, мазут во зградите.
  • 0% ДДВ за инверторите т.е. топлотна пумпа на воздух (тотална дефискализација).
  • Поволни банкарски кредити за сите што сакаат да купат инвертор.

Додека во однос на дизел возилата:

  • Задолжителен ДПФ филтер за сите автобуси, камиони и комбиња.
  • Забрана на увоз на дизел возила без ДПФ филтер.
  • Казни за тие што намерно го отстрануваат ДПФ филтерот.
  • Целосна забрана за сите дизел возила после 2035.

Во однос на другите возила:

  • Бесплатно атестирање за сите кои сакаат да вградат плински уред.
  • 0% ДДВ за плински уреди (тотална дефискализација).
  • Поволни банкарски кредити за сите што сакаат да инсталираат плински уред на нивното возило.

Се разбира треба да се работи на сите полиња имаме многубројни извори на аерозагадувањето, но овие два се критични и сметаме дека со нивно решавање многу ќе се подобри квалитетот на воздухот.

Подготвуваме книга за аерозагадувањето и начините како да се справиме со него која наскоро треба да излезе од печат. Следете не на арно.мк за повеќе информации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *