Виртуелни крави!?

Кон крајот на минатиот век на Виртуелната Реалност (ВР) се гледаше како на светла точка во иднината исполнета со летечки автомобили, хаверборди од типот на Враќање од иднината и живеалишта во орбита на планетата земја.

Денес реалноста не е ни блиску до тие предвидувања, но сепак Виртуелната Реалност има примена во секојдневниот живот за играње игри, но и во професиите како медицина, архитектура и слично.

Но, со сигурност може да кажеме дека никој не предвидел дека ВР ќе се користи за кравите!

Да, разбравте добро – сточарите во Русија (а каде не ако не во таа луда земја) користат ВР за да им пружат на кравите поубави искуства наместо сивата реалност на затворените фарми што би требало да резултира со поубаво млеко.

За сега не е научно докажано дали идејата има реален ефект, иако теоретски гледано ако мозокот се излаже дека има одредено искуство тогаш ќе го има и телото. Останува да видиме дали во иднината кокошките ќе играат Angry Birds!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *