May the (5th) Force be with you!

Дали сме на повидок на откривање на нова сила во универзумот?

Уште од времето на Ајнштајн и неговите современици се знае: во светот постојат 4 основни сили кои раководат со сите физички процеси.

Гравитацијата е единствената сила која раководи со макросветот. Прв ја опишал Њутн, а ја надградил Ајнштајн – готово, чкртаме од списокот! Тука всушност завршува интуитивното и секојдневно сфаќање на физиката. Другите сили кои раководат со универзумот се јавуваат на атомско ниво.

Тие се: слабата нуклеарна сила, силна нуклеарна сила и електромагнетизмот, кои раководат со микросветот. Без да навлегуваме многу во детали, ќе речеме дека овие сили се задолжени за формата на објектите, триењето, еластичноста, распаѓањето на елементите, начинот на кој сонцето грее и се грижат финдаменталните честички на материјата да бидат поврзани и едноставно кажано – да не се распаднеме!

Цел век научниците веруваат дека овие сили се единствени, но со новите истражувања на научниците од Унгарската академија на науките, со симпатично име Atomki се укажува на тоа дека постои уште една – петта сила. Честичката која ја имаат откриено ја нарекле X17 и постои можност таа да ја претставува врската со темната материја – една од мистериите кои ги измачуваат научниците со децении.

Ако се во право, нивните истражувања би можеле да го објаснат забрзувањето на ширењето на универзумот, нешто што се случува, а не е во согласност со постоечките фундаментални сили.

Прочитајте повеќе тука или погледнете го објаснувањето на симпатичниот професор по математика и наука, русинот Антон Петров на темата:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *