Изуми: шпагети

3 век пне

Европските извори тврдат дека пченицата durum (како и лимоните и портокалите) биле донесени во Сицилија од Арапските земји. Истиот пат го следела и „пастата“, од арапското јадење “itriyya” или „сува паста“ во 7 век.

Според нив Марко Поло кој неколку векови подоцна бил во Кина не ги донел кинеските шпагети (noodles) во Италија, сепак интересно е да се забележи што првите сицилијански записи и рецепти за паста потекнуваат токму од тоа време.

Според некои истражувачи, постои теорија дека дури и пиците потекнуваат од Кина! Марко Поло на неговите патувања наводно јадел т.н. тврди палачинки со млад кромид и кога се вратил во Италија јадењето му недостасувало.

Порачал од еден готвач со потекло од Наполи да му го направи јадењето, но овој не успеал. Кога готвачот се вратил во Наполи на јадењето му додал кашкавал и други работи и така настанала пицата.

Оваа приказна е апокрифна, но кинеските нудлс се историски факт и кинезите ги правеле пред 4.000 години, според археолошкото наоѓалиште Lajia, а најраните писмени докази се од 3 век пне. од династијата Хан, кога кинезите користеле многу повеќе видови брашна од Европјаните, каде најраните документирани докази се од 6-7 век. Ако ова не ви е доволно да ги изнервирате вашите прекујадрански соседи, според науката кинезите го измислиле и сладоледот (да џелато!) во 2. век пне.

Се разбира културите влијаат едни на други и јадењата се пренесуваат и менуваат, се разбира локумот, алвата, баклавата, сармата, мусаката, јогуртот, цацики, поточно „cacik“ се грчки јадења, нели?

Сепак, едно е јасно – ајварот е словенечки!


Текстот е преземен од книгата во подготовка: „Made in China” („За тоа како западот им ги украл изумите на кинезите, а овие си ги вратиле назад!“) на Бранко Прља.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *