Blade Runner 2019

Дејствието во Blade Runner се случува во ноември 2019 година, но колку овој филм добро ја прогнозирал иднината?

Да видиме: летечки коли – не, андроиди кои се толку човеколики што мора да ги „ловат“ со ангажирање на т.н. blade runners – не. До сега слабо.

Image result for blade runner

Но, што мислите за визијата на еден свет кој е управуван од корпорации, а околината не се негува туку се искористува и заменува со вештачки објекти? Тоа е веќе поблиску до денешнината.

Сепак, филмот е прилично стар, од 1982 година, а заснован е на култниот роман на Филип Дик „Дали андроидите сонуваат електрични овци“ од 1968.

Заради овој филм многу луѓе го засакале жанрот Film Noir, дури пред филмовите како Sunset Boulevard или Double Indemnity, класици на жанрот. Се истакнуваат елементите како карактерот на femme fatale (или во случајов android fatale), раскажување од страна на главниот лик, изразено користење на сенките како во црно-белите филмови и јунак кој е со сомнителен морал градат достоен примерок на филмската уметност – која ја има сѐ помалку.

Но, од друга страна никој не можеше да предвиди дека мобилните телефони ќе имаат посилни процесори од вселенските летала од минатиот век, а во нив ќе биде скриен еден цел свет на можности и зависности. Тие се вистинските „андроиди“ на денешнината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *