Завера на сијалиците!?

Во овој текст ќе зборуваме за загарантираната пензија, но не ваша, туку на вашите предмети!

Се работи за филозофија (и се разбира пракса) вградена во апаратите кои ги користите и која гарантира дека тие нема да траат повеќе од новиот предвиден тренд за таа технологија.

Во документарецот „Заверата на електричните светилки“ се зборува за оваа појава поткрепено со фактите дека апаратите кон крајот на 19-от и почетокот на 20-от век имале долг, па и доживотен век на траење.

Што се сменило и дали технологијата некако наместо напред отишла назад? Се разбира не. Пред речиси 100 години терминот Planned obsolescence е воведен во автомобилската индустрија со идеја за годишни измени во дизајнот кои ќе ги убедат потрошувачите да гледаат на нивниот автомобил како „застарен“ и да купат нов атомобил.

Оваа идеја отишла многу подалеку од дизајнот, па дури и во сферата на вградување чипови кои ќе му кажат на апаратот кога да се расипе. Денес ни е многу познато како телефоните наеднаш застаруваат и веќе не можат да ги поднесат новите апдејти на програмите, а апликациите откажуваат, по што сме „принудени“ да купиме нов телефон.

Значаен дел од документарецот, а и самото негово име, потекнува од сознанието за една сијалица во гратче во Калифорнија, која гори без престан од 1901 година!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *