Лондон се спаси од смогот, Скопје уште се гуши!

1952 година е запаметена како година на најлош смог во Лондон и причина за смртта на илјадници луѓе и многу повеќе заболени.

Смогот во Лондон е сe уште мистерија, иако бројката од 20.000 парни локомотиви и тешка индустрија на секој чекор се повеќе од доволни за неговата појава. Скопје и Македонија нема ништо од тие две работи и сепак се гуши, прашање е од што? Додека го бараме виновникот, би можеле да примениме некои од советите кои попаметните од нас ги примениле пред повеќе од 60 години.

Властите во Лондон донеле одлука смогот во тие размери никогаш повеќе да не се повтори и во 1956 година донеле т.н. Закон за чист воздух.

Прочитајте го целиот закон тука (во апдејтирана варијанта од 1993), а во него се наведени „Забрани за испуштање темен чад од оџаците“ и казни за тие кои го испуштаат од приватни објекти или индустриски постројки. Понатаму, ако поседувате печка, таа мора да задоволува одредени стандарди пропишани од државата и мора да поседува систем за заробување на штетни честички. Регулации за гасовите кои се испуштаат од возила или машини, а споменати се и други загадувачи познати и во нашата средина, како горење кабли.

Сепак, мора да признаеме дека во нашата средина голем дел од загадувањето произлегува од горење на пластика, пред се заради нејзината калорична моќ. Со овие сознанија добиени преку активноста на групата „Кеса не, благодарам. Торба си носам!“ повторно сме соочени со дилемата „да се рециклира (пластика) или не!?“

Нештата не се едноставни, и статусот на Facebook означен како „it’s complicated“, сосема одговара за нашата состојба на нештата – но тоа не значи дека треба да се откажеме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *