Рециклирањето е осудено на пропаст!

Во свет кој се засновува на постојано купување нови нешта, невозможно е да не се затрупаме во ѓубре и неговите производи – загадувањето на океаните, почвата и воздухот.

Рециклирањето е енергетски неефикасно и функционира само во високо-свесните држави (пр. Скандинавските земји) какви што има малку на светот. Дури и најбогатите земји кои располагаат со технологија за рециклирање само извезуваат отпад, со што го префрлаат проблемот на помалите земји кои немаат регулации и истиот отпад не го рециклираат, туку го натрупуваат или го палат.

Јапонија, како и секогаш, е напред во однос на останатиот свет и ги изработи медалите за Олимпијадата во 2020 од 80.000 тони рециклирани мобилни телефони.

Од приближно 70 милиони кг се „извадени“ 35 кг злато, па вие пресметајте што се случува со останатиот непожелен дел од телефоните.

Никој нема да може да рециклира колку што вие можете да создадете отпад! Но, не очајувајте, постојат решенија. На пример:
1) Купувајте помалку
2) Фрлајте помалку, подарувајте повеќе
3) Реупотребувајте производи и амбалажи
4) Селектирајте правилно зашто само така ќе обезбедите чиста суровина
5) Бидете клиенти на одговорни фирми кои се грижат за околината

Сите овие идеи и решенија ви се достапни преку платформите на интернет кои нудат повеќе од доволно информации, а ви го препорачуваме и сајтот Малку повеќе на Агнес Сарачини каде се убаво сумирани нештата кои можете да ги направите за „Чисто и убаво Скопје“. Арно.мк

Тимот на Арно.мк, кој стои зад групите како Дај, не фрлај, Не фрлај, не загадувај! и Кеса не, благодарам. Торба си носам! е особено горд што на истиот сајт се споменати сите овие групи кои даваат активен придонес за почист град и држава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *