Најсреќниот човек на светот!

Целиот свет Фране Селак би го нарекол „најсреќниот човек на светот“, а ние веројатно „најбаксузниот човек на светот“. Зависи како гледате – дали чашата е полу-полна или полу-празна?

Фране Селак e 90-годишен хрват кој преживеал сообраќајна несреќа со воз, паѓање на авион, сообраќајна несреќа со автобус, автомобилот му бил запален (два пати), го удрил автобус и паднал речиси 100 метри во провалија со неговиот автомобил.

Како се спасил? Да речеме дека од авионот паднал на сено (!?), а од автомобилот се закачил на гранка над провалијата. Но, тоа не е сѐ!

Ги преживеал сите овие незгоди и згора на тоа кога имал 73 години добил 800.000 евра на лотарија. И наместо да изгради јавно WC да му се „помочаат на среќата“ како од познатата апокрифна приказна за некогашните јавни вециња во центарот на Скопје, тој се оженил по петти пат, ги дал сите пари на роднините и продолжил да живее едноставен, исполнет и најсреќен живот!

Погледнете:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *