Еколошки игри?

Се сеќавате на 1990-тите? Ерата кога се појавија, ни се чинеше речиси магичните, CD-a и DVD-а! Тогаш не размислувавме за тоа колку отпад всушност ќе создадат овие ласерски носители на информации.

Денес за среќа тие ретко се употребуваат, сепак компаниите за производство на игри и софтвер сѐ уште ги користат. Во обид да го намалат количеството пластика кое се користи новата игра Football Manager 2020 на Sega and Sports Interactive ќе користи еколошко пакување од зајакнат рециклиран картон и помалку пластика која може да се рециклира. На овој начин планетата ќе се поштеди од 20 тони пластика, само од оваа игра.

Ова е пример за уште една компанија која ги користи, во позитивна смисла на зборот, еколошките трендови за популаризација на нивните производи. Ако можете да заработите и при тоа да не ѝ наштетите на природата – зошто да не!

Но, ако навистина сакате да ѝ направите услуга на природата, не купувајте игри на DVD или CD, туку симнете ги од интернет, се разбира легално.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *