Паметни прасиња!?

Пред извесно време зборувавме за мајмуните кои наводно влегле во камено доба, но најновото видео на диви свињи како користат алатки ја става цела оваа теорија под знак прашање – дали се работи за еволуција или за вродена интелигенција проценете сами.

Свињите се сметаат за едни од попаметните животни, како делфините и слоновите, а од пердувестите животи враните се дефинитивно генијалци. Сите овие видови користат алатки, но дивите свињи никогаш не биле документирани во таков обид. Поточно, не биле, до сега!

Погледнете за што станува збор и размислете следен пат кога уживате во свинска кременадла:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *